Веќе се големи момци: Панчо со синовите на прошета низ Солун
Владимир Блажев или во јавноста попознат како Панчо едната половина од дуото ДНК, објави заедничка фотографии со неговите синови, поголемиот Андреја и помалиот Марјан.
Фотографиите се направени додека се шетаат низ Солун, а Панчо напишал: „Невообичаен забавен ден со моите момчиња“.
Андреја веќе има 13 години, додека помалиот син на Панчо Марјан ќе наполни 9 во март.
Панчо за синовите знае да каже дека скромни и дружољубиви момци. Воспитани, а тоа го препишува на него бидејќи принципите со кои тој израснал сега ги пренесува на своите синови.
Фото: Инстаграм