Веќе се зборува за новиот албум на Адел: Тејлор Свифт поради неа го поместува објавувањето својот?

Веќе се зборува за новиот албум на Адел: Тејлор Свифт поради неа го поместува објавувањето својот?

Објавена во: Stars // Музика

Тејлор Свифт целосно ги збуни обожавателите кога е во прашање издавањето на нејзините преснимувани албуми - пејачката го најави албумот „Red“ за на 19 ноември, а потоа наместо сингл од тој албум го објави хитот од „1989“, „Wildest Dreams“. Во меѓувреме, таа дури и го помести издавањето на албумот „Red“ за на 12 ноември - се вели дека зад оваа одлука стои стравот дека Адел ќе го засени нејзиниот албум!

Позната е приказната дека кога Адел објавува нешто, сите погледи се вперени кон нејзината работа, па не би било чудно големата Тејлор Свифт да се плаши од конкуренција како Адел. Шпекулациите за новиот албум на Адел се дека ќе биде објавен на 19 ноември и се шират многу брзо, иако самата пејачка не го потврди тоа.

Се зборуваше и дека има дует на Адел и Тејлор, но тие приказни беа демантирани. На социјалните мрежи се крева голема врева за тоа дека Тејлор ја открила тајната што тимот на Адел ја крие со поместувањето на нејзиниот албум - дали мислите дека сето ова има смисла?


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: