ВЕЛЕА ДЕКА СЕ СРОДНИ ДУШИ: Лејди Гага и Кристијан Карино се разделија
Лејди Гага и нејзниот свршеник Кристијан Карино се разделија, потврди нејзиниот портпарол ексклузивно за магазинот „Пипл“.
- Едноставно не им одеше. Врските понекогаш завршуваат. Нема никаква драма во тоа - изјавил нивен близок пријател.
Шпекулациите за разидувањето на поп-ѕвездата и реномираниот „ловец на таленти“ почнаа да кружат откако на неодамнешното доделување на Греми-наградите одржани на 10 февруари, новинарите забележаа дека Гага не го носи свршеничкиот прстен. Таа, исто така, во победничкиот говор не му се заблагодари на Карино кога доби признание за најдобра изведба на поп-дуо или група за филмската нумера Shallow.
Во интервјуата Гага изјавуваше дека 17 години постариот Карино е нејзината сродна душа. И тој во повеќе наврати на социјалните мрежи напиша дека таа е љубовта на неговиот живот. Неговите искрени емоции ги покажа и со огромната тетоважа на неговата рака - портрет од еден настап на пејачката. Карино претходно беше во љубовна романса со актерката Лаурен Коан од хит-серијата The Walking Dead.
За улогата во „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага е номинирана и за Оскар, а со кого ќе се појави на црвениот килим во недела останува да видиме.