Вели дека е посреќна откако го напуштила Холивуд: Знаете ли која позната актерка е на фотографијата?

Вели дека е посреќна откако го напуштила Холивуд: Знаете ли која позната актерка е на фотографијата?

Објавена во: Stars // Филм

Романтичните комедии се нејзин заштитен знак и не постои девојка, па дури ни момче кое не изгледало барем еден филм со познатата актерка. Сигурно веќе претпоставувате дека станува збор за Камерон Диаз, актерката која во исто време може да не насмее, но и расплаче во филмски остварувања во кои се појавува.

Таа неодамна во поткастот за здравје на нејзината колешка Гвинет Полтроу откри дека го „пронашла мирот во душата“, откако се откажала од холивудската актерска кариера. 

„Мирна ми е душата бидејќи конечно почнав да се грижам за себеси“ - вели таа, а потоа додаде:

„Чудно е да се изговори ова, знам дека и многумина нема да разберат, но знам дека јас разбирам. Навистина е напорно да се работи на тоа ниво. Во еден момент застанав и си го погледнав животот. Кога снимате филм, тие ве поседуваат. На сет сте по 12 часа на ден, со месеци и немате време за ништо друго.“


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: