Вељко Ражнатовиќ никогаш поемотивен: Го слушнав Жељко како навива, тоа ми даде мотивација

Вељко Ражнатовиќ никогаш поемотивен: Го слушнав Жељко како навива, тоа ми даде мотивација

Младиот боксер се осврна и на тоа колку ѝ е тешко на неговата мајка да го гледа во рингот...

Вељко Ражнатовиќ пред неколку дена стана првак во бокс во Србија, а неговата најголема поддршка - мајка му Цеца, сопругата Богдана, сестра му Анастасија и синот Жељко беа со него и го бодреа од публика.

Вељко истакнува дека не му е цел да има меч со Мајк Тајсон, еден од најголемите боксери на светот, а се осврна и на тоа колку срцето му било полно што неговиот син навивал за него.

„Тајсон има 60 години, тој е боксерска легенда, апсурдно е да го коментирам него и идејата за меч со него“ - кажа Вељко, кој се осврна на тоа што неговиот син Жељко навивал за него:

„Жељко викаше: „Тато победи!“, ме разнежни и ми даде уште поголема мотивација да не гледа како некој го тепа татко му“.

Секогаш се поставува прашањето како Цеца, неговата мајка го поднесува моментот да го гледа во рингот, а Вељко на ова имаше подготвен одговор.

„Ако детето ми се занимава со бокс, тогаш ќе знам да ви одговарам како ѝ е на Цеца. Сигурно е дека не ѝ пријатно, веројатно ѝ е полесно да гледа кога не е во живо“ - истакна младиот боксер во утринската програма на „Пинк“, кој има план и желба да оствои една од четирите светски титули.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: