Веруовиќ од младоста: Војаж сподели емотивни спомени од најраното детство (ФОТО)
Неговата мајка тогаш имала црна коса, а татко му воопшто не се променил...
Михајло Веруовиќ Војаж често во своите интервјуа открива дека со задоволство сака да им надокнади на своите родителите, кои се труделе да му обезбедат безгрижно детство.
На социјалната мрежа Инстаграм, тој сега сподели фотографии од најраниот период од детството, на кои може да се види и како изгледале неговите родители во младоста.
Мајка му Жана тогаш имала црна коса, додека денес го има променето имиџот и е русокоса, а татко му Милан е скоро па ист, можеби денес има само неколку килограми и неколку брчки повеќе.
На фотографиите кои ги сподели, Војаж нема ниту една година, а на основа на објавата може да се претпостави дека тоа било неговото прво летување.
фото: Принтскрин / Инстаграм