Верувај дека не е случајно: Што значи кога некој те сонува?
Или со нив поминуваш повеќе време или само со нив делиш некоја тајна, а можеби е сепак нешто неповрзано.
Често се случува другите да ни кажат дека не сонувале, но тоа најчесто го сметаме како случајност. Тоа е така затоа што соништата се уште не се истражени и на многу луѓе им се несфатливи. Како ни влегуваат сценаријата во глава?
Прашање за кое често дискутираме. И океј, интересно ни е она што го сонуваме па го проучуваме зашто таа тема што ја сонуваме е таа, но што и што се случува кога другите не сонуваат нас? Elite Daily пишува дека често сме под влијанието на претходниот ден, односно луѓето и ситуациите во кои сме се нашле, па доколку со некој сме го поминале денот и ни било убаво (или пак лошо), можно е дека таа личност ќе не сонува.
Сепак, од друга страна, соништата може да бидат непредвидливи и тотално неповрзани, а тоа нас всушност најмногу не збунува. Сепак, екстертите имаат некои одговори.
Експертите сметаат дека во туѓите соништа најчесто завршуваме кога со нив поминуваме многу време, делиме тајни или нешто што ни е многу важно. А, кога тие моменти се поврзат со филмовите, сериите или книгите кои ги гледа или чита личноста која не сонува, тврдат, дека се зголемува можноста да завршиме во туѓите соништа и добиеме вистинско филмско сценарио.