Верувајте ми за следниот круг: Денес зборовите на Момир Луковац од „Ѕвездите на Гранд“ оставаат горчлив вкус во уста
Неофицијалната вест за смртта на Момир Луковац ја споделија многу негови колеги и пријатели од моментално актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, но и Здружението на естрадни уметници на Црна Гора.
Неговиот последен настап, емитуван во февруари, го претставуваше негово прво и последно појавување на сцената на ова музичко натпреварување.
„Ќе ослабнам, жими мајка. Јадењето на нездрави продукти е мое грозно минато. Пред три месеци престанав да јадам и уште повеќе ќе ослабнам во иднина. Си поставив таква цел на себе“ - им порача Момир тогаш на членовите на жирито и притоа ги освои сите со својата харизма и насмевка.
„Тој е веќе ѕвезда“ - се надоврза Александар Милиќ Мили, додека можеа да се слушнат и коментарите на останатите членови на жирито, кои истакнаа дека станува збор за духовито момче, со добра душа.
„Се согласувам со сите вас за критиките, но, само верувајте ми за следниот круг. Веќе добив втора шанса, ме вративте, добив можност и не ја искористив добро“ - призна Луковац.
Иако Марија Шерифовиќ сакаше да го земе во својот тим, Саша Поповиќ им порача на двајцата кандидати да дојдат следната година.