Верувале или не: Девојче од 13 години освои злато на Олимписките игри и испиша историја

Верувале или не: Девојче од 13 години освои злато на Олимписките игри и испиша историја

Момиџи Нишија стана олимпска шампионка во Токио на само 13 години. За работата да биде уште поинтересна ниту другите две освојувачки на медали не се многу постари.

Момиџи Нишија која е родена во Осаки, триумфираше со 15,26 поени и така стана прва олимписка шампионка на скејтброд во историјата.

Ова воедно ѝ беше и прво злато во кариерата, бидејќи порано оваа година на Светското првенство стигна до сребро.

Второпласирана беше 13-годишното девојче од Бразил, Раиса Леал со 14,64 поени.

Бронзата ѝ припадна на три години постарата Јапонка, Фуни Накајами, која во конечниот пласман имаше 14,49 поени.

Натпреварувањето во секјтборд за првпат се појавува на Олимписките игри, а по „street“ стилот, ќе следува и дисциплината „park“.




фото: Tanjug/AP Photo/Ben Curtis

Можеби ќе ве интересира: