Ви се смее големо богатство доколку имате бемка на едно од овие 12 места
Верувале или не, бемките може да откријат дали сте предодредени за успех во животот.
Голем број на луѓе имаат барем една бемка на лицето и телото, а некои имаат и по неколку од овие единствени белези. Но, дали некогаш сте се запрашале какво значење имаат бемките кои се наоѓаат на одредени места?
Одговорот го дава древната кинеска вештина за толкување на бемките, по име - тан су. Во кинеската култура веќе неколку илјади години се изучуваат бемките на човековото тело, но не само од медицински причини, туку и како показател на нечија судбина. Кинезите веруваат дека бемките на нашето тело може да ни ја предвидат иднината, во зависност од позицијата на која се наоѓаат.
Откријте дали ви претстои живот исполнет со успеси, живот на пат, среќен брат, успешна кариера или потешкотии во работата и љубовта. Пронајдете ги бемките на своето лице, погледнете под кој број е таа позиција и дознајте каква судбина ве очекува.
# Бемка на десниот образ
Бемката на десниот образ укажува на тоа дека личност многу брзо по стапувањето во брак ќе добие големо богатство.
# Бемка над усните
Супермоделот Синди Крафорд стекна успех и популарност благодарејќи на својата бемка, а овој природен белег позициониран над усните ги одликува бестрашните и упорните луѓе кои благодарејќи на својот карактер, но и тврдоглавост, ги остваруваат своите цели. Тоа воедно значи дека брзо стануваат богати.
# Бемка кај носот
Без оглед на тоа дали се наоѓа на врвот или покрај носот, бемката на тој дел од телото е поврзан со материјализмот. Личностите со бемка на носот сигурно ќе остварат деловен успех во животот и ќе имаат пари.
# Бемка на петици
Необична бемка позиционирана на самата пета е многу ретка појава, а открија дека сопственикот на ова природно обележје, како стравствен авантурист, животот ќе го помине патувајќи.
# Бемка на половината
Доколку имате бемка на половината тоа значи дека сте префинета и посебна личност! Иако можеби во текот на животот потешко постигнувате стабилност и задоволство, бидејќи копнеете по големи цели, успехот ви е загарантиран.
# Бемка помеѓу очите
Доколку бенката помеѓу очите (т.н. трето око) ги означува квалитетите на лидерство, богатство, задоволство. Исто така, се смета дека сопствениците на бемка помеѓу и над очите постојано патуваат ширум светот.
# Бемка на десната дланка
Бемката на дланка го симболизира материјалното богатство. Во случај да е позиционирана на горната половина од дланката, многу лесно ќе доаѓате до пари, а во спротивно, доколку е сместена на долниот дел, ќе бидете принудени да вложите малку поголем напор.
# Бемка на брадата
Навистина е среќа да имате бемка на било која страна на брадата, бидејќи се смета дека тоа е сигурен знак дека ќе имате убава иднина скоро на сите полиња. Дури и без многу труд, ќе имате шанси да дојдете до богатство и просперитет, па ќе уживате во сечие внимание.
# Бемка под папок
Бемките во подрачјето на папокот означува дека луѓето кои ја имаат се среќни и уживаат во семејниот живот. Тие со едноставни чекори ќе остварат се во животот и ќе дојдат до голем успех. Папокот по кинеската астрологија е извор на благосостојба, па колку бемката е поблиску до центарот, толку повеќе среќа ќе имате во животот.
# Бемка на десната страна од градите
Личностите кои на ова место имаат бемка ќе уживаат во мирен живот со многу благодети. Ќе уживате во раскошностите кои ги носи животот и ќе бидете подготвени да го планирате животот според своите правила.
# Бемка кај увото или на десната страна на лицето
Бемката кај уво или на десната страна од носот претставува повеќе пари со помалку напор, односно добра заработка и луксузен живот. Расходите ќе бидат неконтролирани.
# Бемка на малиот прст
Имате бемка на малиот прст на десната или левата рака? Тоа означува дека сте љубител на патувањата и дека со леснотија ќе го запознавате светот кој ве опкружува.