(ВИДЕО) Брус Ли доби наследник: Учителите го молат за милост на спаринг
На петгодишна возраст, тој веќе ракуваше со нунчаки како вистински мајстор, а денес наставниците го молат за милост за време на спарингот.
Рјусеи Имаи има 10 години и е роден во Јапонија, но е многу поразличен од неговите врсници во училиштето уште како дете. Тој веќе неколку години гледа филмови со Брус Ли и сака да биде „кул“ исто како него.
За ова десетгодишно дете се вели дека е малиот Брус Ли, а судејќи според неговиот став, тежината на тренингот и мускулите, би се рекло дека има многу сличности.
Родителите на малото момче редовно споделуваат видеа и фотографии од нивниот надарен син кој без двоумење спарира со борци кои се двојно поголеми и поискусни од него.
Неговите родители го поддржуваат да ги следи стапките на Брус Ли.
Момчето тренира напорно секој ден, па дури и многу постари борачи не можат да завршат еден од неговите тренинзи, пишува „Дејли меил“.