(ВИДЕО) Чичко ѝ ја откри: Популарните пејачки ја пофалија ќерката на Жељко Јоксимовиќ

(ВИДЕО) Чичко ѝ ја откри: Популарните пејачки ја пофалија ќерката на Жељко Јоксимовиќ

Објавена во: Stars // Музика

Братот на Жељко Јоксимовиќ, актерот Саша Јоксимовиќ, објави видео во кое откри колку е горд на својата внука Мина Јоксимовиќ, која ги откри своите вокални способности.

Мина покажа дека оди по стапките на својот популарен татко, а својот моќен вокал го откри со изведување на песната „When the party's over“ од популарната Били Ајлиш.

„Горд сум на мојата Мина. Има ли некој подобар? Има ли?“ - напиша Саша, чичкото на Мина.


На изведбата на Мина не останаа имуни ни двете популарни пејачки - Јелена Томашевиќ и Анабела, кои ги пофалија гласовните способности на Мина.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: