(ВИДЕО) Фановите во сомнеж: Дали Ариана Гранде е бисексуалка?!
Според зборовите на нејзината нова песна пејачката сака и мажи и жени...
Ариана Гранде ја објави новата песна „Monopoly“ во соработка со Викториа Монет, која и е пријателка и соработник, а се чини дека по оваа песна сите мислат дека признала дека е бисексуалка, пишува Popbuzz. Фановите според текстот заклучиле дека Ариана Гранде е всушност бисексуалка, односно дека сака мажи и жени.
Викториа и Ариана со години се пријателки, а Викториа е авторка на некои од најпознатите хитови на Ариана „7Rings“ и „Thank U Next“. Во песната „Monopoly“ девојките пеат: „I like women and men“, односно „сакам мажи и жени“. Викториа во еден твит призна дека е бисексуалка, а фановите поради песната се сомневаат дека и Ариана со песната се „издаде“.