(ВИДЕО) Италија ги реорганизира училиштата за стартот на учебната година: Тажната слика која ја создаде Ковид-19
Италија денес ги отвори вратите на училиштата, по долгата пауза поради коронавирусот.
Училиштата во 13 од 20 италијански региони ја продолжуваат наставата во училниците, со 5,6 милиони ученици на училиште. Останатите седум региони одлучија да го одложат почетокот на учебната година за една недела.
Но, со цел да ги прилагоди училиштата на борбата против епидемијата од Ковид-19, мораше да ги реорганизираат, поради што низ целата земја беа забележани планини од фрлен ученички пробор и мебел.
За да можат училиштата да работат, тие ги фрлија старите клупи во кои можеа да седат двајца ученици.
Тажна е сликата во Болоња каде цела планина фрлен мебел изникна во дворот на училиштето.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави милијарда евра за да им помогне на училиштата да се отворат во септември, велејќи дека државата бара часови со помалку гужви.
Видео: RUPTLY