(ВИДЕО) Како од Холивуд: Нема да можете да престанете да ја гледате роденденската торта на Карлеуша!
Во саботата, на 17 август, со семејството и пријателите пејачката Јелена Карлеуша го прослави својот 41 роденден, во луксузниот простор на Топчидер.
Поп дивата заблеска во бело, а како што забележаа присутните Јелена била расположена и насмеана и покрај фактот дека не се радуваше на роденденот, бидејќи ова и прв роденден без мајка и Дивна.
Сите присутни се потрудија да и ја разубават вечерта на Јелена - од децата, сопругот Душко, тетка и Данијела, татко и и браќата, до пријателите и соработниците.
Очекувано, од персоналот ја донесоа и роденденската торта, а од погледот на неа застанува здивот.
Тортата била на 5 спрата и во знакот на „Версаче“.