Видео кое ќе реши проблем кој го имаат многу девојки: Трик со кој ќе ги раширите фармерките кои ви се мали
Сакате повторно да ги носите фармерките од минатата сезона, но имате неколку килограми повеќе? Имаме решение за овој проблем.
Имате ли во плакарот фармерки кои сте ги купиле кога сте имале неколку килограми помалку, а сега нема шанси да ги закопчате? Ситуацијата е уште потажна ако станува збор за фармерки кои многу ги сакате и не можете да најдете ни приближно добар модел во продавниците.
Ако може да му се верува на ТикТок, овој проблем има многу едноставно решение, благодарение на кое не мора да слабеете, ниту да одите да барате слични фармерки.
Имено, ТикТокерката Лили Шокнехт со корисниците на оваа социјална мрежа сподели трик со кој може да ги раширите фармерките, а кој ѝ го открил нејзината баба.
Процесот е многу едноставен. Првиот чекор е туширање во фармерките кои не можете да ги закопчате.
Потоа, потребно е малку да ги носите низ дома за дополнително да се растегнат, а потоа да ги оставите да се исушат на жица. И тоа е сѐ. Потоа фармерките би требало да ви стојат совршено.
„Верувајте во процесот“ - им порача Лили на сите кои можеби се сомневаат во овој начин на раширување на фармерки, а освен што видеото во кое го споделува овој трик има повеќе од 4 милиони прегледи, истото се прошири и на другите социјални мрежи.
На многумина им е жал што не го откриле порано овој трик, бидејќи сега би ги имале сите оние фармерки кои ги фрлиле или не ги носеле со години.
Единствената работа која многумина ја истакнаа е дека туширањето во фармерки и не е толку пријатно, како и седењето во мокри фармерки. Меѓутоа, се сложија дека желбата за повторно да влезат во омилените фармерки ја надминува секоја непријатност.