Видео кое расплака милиони луѓе: Момче со Даунов синдром првпат ја гледа својата помала сестра, неговите родители никогаш нема да ја заборават неговата реакција

Видео кое расплака милиони луѓе: Момче со Даунов синдром првпат ја гледа својата помала сестра, неговите родители никогаш нема да ја заборават неговата реакција

Објавена во: Совети // Семејство

Кога го донеле дома своето седмо дете - ќеркичката Колинс, не биле сигурни како нивниот едногодишен син Брукс ќе реагира на неа.

Родителите никогаш нема да ја заборават реакцијата на нивното дете со Даунов синдром кое за прв пат ја видело својата помала сестра.
Кога Ешлин и Логан Вилијамс го донеле дома своето седмо дете, ќерката Колинс, не биле сигурни како нивниот едногодишен син Брукс ќе реагира на неа. Но, излезе дека тие воопшто не ни требало да се грижат.

Поради видеото сега сите имаме можност да бидеме сведоци на посебниот момент кога Брукс првпат ја виде Колинс. Момчето има Даунов синдром, па неговите родители биле загрижени дека тој нема да ја разбере потребата да биде нежен со неа. Но, во моментот кога неговиот татко ја ставил Колинс на градите покрај Брукс, тој целосно се заљубил во сестричката.

Додека ја гледа својата помала сестра, лицето целосно му светна. Всушност, тој ја засака толку многу што не сакаше да ги тргне очите од неа. Кога мама ја зема Колинс, малиот Брукс почна да плаче.

"Сакаш да ја вратам? Добро. Добро", се слуша гласот на мајката Ешлин на камерата. Штом ја врати Колинс до Брукс, тој веднаш престанал да плаче и ја погледна со таква љубов што ги насолзи очите на сите што го гледаат видеото.

„Веќе знам дека тие ќе бидат најдобри пријатели“, рече Ешлин подоцна, „Тој веќе ја сака толку многу. Тој е прекрасно момче и бевме многу среќни за неговата реакција“.

ВИДЕО:


извор:alo!

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: