(ВИДЕО) Mедицинска сестра демонстрира зошто ракавици не ве штитат од коронавирус
Медицинска сестра демонстрира вкрстено загадување преку допирање повеќе површини, со и без ракавици за време на коронавирус.
Моли Ликсеј е медицинска сестра, таа решила да го сними ова видео бидејќи забележала дека многу луѓе погрешно ги користат ракавиците и се потпираат премногу на нив, без да знаат дека и со ракавици се пренесуваат бактерии.
На видеото таа покажува пример со пренесување на бактерии од ракавици - на телефон, од мобилниот телефон - на вашето лице.
Нејзината порака е дури и да носите заштитни ракавици, внимавајте што допирате, фрлете ги ракавиците соодветно и мијте ги рацете.