(ВИДЕО) На сцената излезе со својата мајка, а кога седна зад пијаното ги воодушеви сите!
22 годишното слепо момче со аутизам не ги остави рамнодушни судиите на Американското шоу „Јас имам талент“. Коди Ли на сцената излезе со својата мајка, но кога седна зад пијаното настапи молк во студиото.
Имено, тој ја отсвири и ја отпеа „A Song for You“, а уште на првите стихови солзите беа немивно, како кај жирито, така и кај публиката. На крајот од неговиот настап, Габриел Јунион го награди со „златниот базер“ и ова неверојатно момче ќе замине директно во финалните емисии!