Видео од 9-годишно момче кое го вознемири светот: Реагираше и полицијата, се утврди дека неговата мајка дозволила да направи тетоважа
Снимката е снимена во Белефонтен, Охајо, а откако предизвика излив на коментари, полицијата ја посети мајката на момчето
Откако корисниците на социјалните мрежи се згрозиле од видеото на 10-годишното момче кое се тетовира, се огласи и полицијата. На интернет е објавено видео на кое малолетно момче седи во скут на жена додека млад човек го тетовира.
Полицијата потврди дека снимката е автентична и дека момчето навистина направило вистинска тетоважа, а истата ја истетовирал 16-годишник.
Полицијата ја посетила и мајката на момчето. Го нашле момчето безбедно и добро, а неговата мајка ја одобрила тетоважата.
„Момчето всушност самото побарало тетоважа“, рекол поручникот Рик Херинг. Тој додаде дека истрагата сè уште е отворена, а по нејзиното завршување случајот ќе го преземе обвинителството.
Извор: www.najzena.rs