Видео од мајка која ја тера ќерка си во училиште крена бура на Интернетот: Ова е вистинска родителска болка
Дали и вашите деца вака уживаат да одат на училиште? Па, не сте единствени.
Видеото кое денес некои ги шокираше, а повеќето ги насмеа, покажува како мајка ја влече својата ќерка на училиште, држејќи ја за рачките од ранецот.
„Оптимизам, се гледа“, „Некој навистина не сака да оди на училиште“, „Некој е навистина заинтересиран“, „Вака ќе бидам кога ќе почнам на факултет“, „Ова е борба секое утро“ , „Во продажба има патики со тркала“, , „Не се сите за на училиште“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Изгледа дека некои деца баш и не сакаат да одат на училиште, па родителите бараат начин како да ги одведат.
Оваа мајка очигледно немала нерви да ја убедува, па решила да ги земе работите во свои раце. Без зборови буквално ја влечела ќерка си на училиште, а не ѝ било лесно, се гледате „од авион“.
Дали и вие еднаш сте ги почувствувале овие родителски болки?
ВИДЕО:
Dobro jutro pic.twitter.com/4r9J1QtJsg
— (@DaZivimSan) September 23, 2022
извор:stil.kurir