Видео од морбидното насилство во Нов Белград: Ја ударал со телефонот во глава, потоа со нозе, за на крајот да ја влече по асфалт

Видео од морбидното насилство во Нов Белград: Ја ударал со телефонот во глава, потоа со нозе, за на крајот да ја влече по асфалт

Објавена во: Живот // Живот

Додека девојката лежи, тој ја влече по асфалтот...

На улицата „Д-р. Иван Рибар“, во Нов Белград, вчера маж брутално претепал жена. Ја удрил со мобилниот телефон по глава, ја ударал со раце, но и нозе.

По некое време пристигнал автомобил, а во еден момент мажот го нападнал и возачот на автомобилот.

Додека девојката лежела, тој ја влечел кон автомобилот, а таа давала отпор. На крајот сепак влегла во автомобилот.

Жената која сведочела на овој случај повикала полиција, но ѝ било кажано дека случајот е веќе пријавен и дека полицијата е на пат. Истрчала и се обидела да ги фотографира таблиците во случај да заминат, но полицијата стигнала во вистинско време.

Според зборовите на очевидците, едно момче дотрчало и го извлекол напаѓачот од сувозачното место на автомобилот и веројатно тој е заслужен за тоа што полицијата пристигнала пред насилникот да успее да побегне.

Видеото од ова морбидно насилство е објавено на Инстаграм профило „Мој Београд“:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: