(ВИДЕО) Паднаа и првите критики: Еве како реагираше Антониа на тоа!
Младата пејачка Антониа Гиговска и овој петок го затвори музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. Средена од глава до петици, самоуверено ја отпеа „Као у сну“ на Тони Цетински, а за возврат доби 5 гласа. Но, интересно е тоа што неизвесноста траеше до самиот крај на песната.
„Навистина ми е сеедно што ќе пееш до Супер финалето. Јас те чекам таму“ - изјави Милан Станковиќ кој последен го подигна своето столче.
Но, за разлика од него Наташа Беквалац имаше забелешки на сметка на овој настап на Антониа, а кога најави дека ќе ја критикува младата пејачка буквално скокаше на сцена. Во продолжение погледнете го настапот на Антониа, а коментарите кои следуваа по истиот ОВДЕ.