(ВИДЕО) „Пијан“ ракун направи хаос: Заспал среде улица, сите мислеле дека е мртов
Локалното население во предградието Отава во Канада снимило пијан ракун кој буквално се онесвестил среде улица.
Тие веднаш забележале дека животното не се однесува нормално, мислејќи дека е мртво.
„Буквално не можеше да се помести“ - раскажува еден од жителите, кои потоа се обидувал да го разбуди.
Според неговите зборови, тоа на животното не му се допаднало.
„Ги влечеше нозете, едвај ја креваше главата, тешко му беше да се движи“ - додава тој.
Бидејќи оваа состојба на животното не му се промени ни по неколку часа, жителите повикале стручна помош.
Ветеренирани рекле дека ракунот најверојатно биле под влијание на ферментирано овошје кое паѓало од дрвата. Како што истакнуваат, ракуните јадат овошје кое само паѓа, а кое за време на топлите денови се ферментира, предизвикувајќи опоен ефект.