ВИДЕО поради кое жените сакаат уште едно бебе: Мајка ја снимала ќеркичката како јаде, а „фатила“ нешто сосема друго!
Видеото од сестрите трогна речиси милион луѓе!
Има нешто посебно во односот меѓу браќата и сестрите, за тоа ќе посведочи секој родител кој има повеќе од едно дете во својот дом. Со видео успеа да го сними и мајката на Рини Фреј и тоа сосема случајно!
Имено, оваа мајка снимила видео од своите девојчиња, кога постарата ја хранела помалата. Рини мислела дека само ја снима реакцијата на нејзината помала ќерка на нова храна, а видеото се покажало сосема неочекувано - снимила трогателен момент.
Освен симпатичноста на постарата девојка која ја храни својата сестра, она што ги воодушеви сите што го погледнаа видеото е како малото девојче ја гледа својата постара сестра. Тој поглед со љубов , како што признаа во коментарите, расплака многумина .
Видеото е прегледано речиси милион пати во еден ден, а многу жени во коментарите напишале дека после ова дефинитивно сакаат уште едно бебе.
„Плачев“, „Сакам уште едно бебе после ова“, „Само што го родив моето второ дете, се надевам дека ќе успеам да доловам и вакви моменти“, „нема ништо подобро од сестра“, „секоја мама што е нервозна за тоа дали и треба друго дете што ќе ја нарушува семејната динамика треба да го види ова“, напишаа тие во коментарите.
@ownitbabe a wholesome moment from dinner tonight #sisters #daughters #momtok To build a home -
ФОТО: TikTok/screenshot/ownitbabe