(ВИДЕО) Претрпел семејно насилство: Голготата на Дејан Младенов доби среќен крај
29 - годишниот Дејан Младенов од Струмица конечно ќе може да ужива во животот. Тој во емисијата „Вип на еден ден“ ја сподели својата тажна животна приказна, која ја раскажуваше со солзи во очите.
На прашањата одговараше со кратки одговори, во кои раскажа за семејното насилство кое тој и неговата постара сестра го претрпеле, но и за тоа како стигнал во Домот 25 мај.
Неверојатната трансформација кој тој ја доживеа во емисијата, предизвика огромна насмевка на неговото лице, кое го откриваше неговото задоволен. Целата среќа беше заокружена со појавувањето на младата пејачка Антониа Гиговска, која му е една од омилените изведувачи од македонската естрада.
Извор: ТВ21