(ВИДЕО) Ретро интервју: Ели Танасковска и „Некст тајм“ како деца
Ретко кој би ги препознал близнаците Мартин и Стефан Филиповски на ова видео од деведесетите години. Дуото “Некст тајм“, својот музички пат го започнаа во деведесетите години на детските фестивали „Златно славејче“ во Скопје и „СИ- ДО“ во Битола.
Токму за песната „50-50“ од фестивалот „СИ-ДО“, Мартин и Стефан како основци зборуваат во интервјуто за Македонската телевизија, во Утринската програма која ја води познатата водителка и новинарка Ели Танасковска, едно од заштитните лица на МТВ и денес.
Мартин и Стефан кои се актуелни со спотот и преработката на песната „Нешто ќе те питам бабо“, го објавија видеото на нивните Фејсбук профили.