(ВИДЕО) Режисерот ја објасни најморничавата сцена од филмот „Џокер“

(ВИДЕО) Режисерот ја објасни најморничавата сцена од филмот „Џокер“

Објавена во: Stars // Филм

Некои поединци упатии позитивни критики на ова „модерно левичарско ремек - дело“, а многумина прогнозираат дека „Џокер“ на доделувањето на Оскарите ќе доживее успех како што имале „Титаник“ или „Господарот на прстените“. 

Иако и понатаму траат кино проекциите и целиот медиумски бум, режисерот Том Филипс за „The New York Times“ ја образложи една од најморничавите сцени.

Станува збор за сцена во која Хаокин Финикс танцува сам во тоалетот, а покрај објаснувањето на симболиката, режисерот откри дека оваа сцена настанала спонтано - со импровизација и менување на сценариото.

Според планот Артур, односно Џокер, требало да влезе во тоалетот и да го сокрие пиштолот, а потоа да го види својот одраз во огледалото, запрашан што направил. Меѓутоа, ниту на Тод, а ниту на Хаокин не им изгледаво ова логично, па еден час пред снимањето Тод ја пуштил композицијата на музичарката Хилдур Гуднадотир, која ја правела музиката за филмот.

Двајцата знаеле дека тоа е тоа, дека Артур е една од тие личности кои имаат музика во себе и со танц да излезе и Џокер од мракот. 

Во продолжение погледнете ја сцената за која зборува режисерот.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: