ВИДЕО: Селена Гомез дел од виралниот тренд #SafeHandsChallenge
Освен што самата учествуваше во него, ги номинираше Олива Вајлд, Џиџи Хадид и Карди Би, за и тие да се обидат.
Новиот вирален интернет тренд пристигна. Се вика #SafeHandsChallenge, а станува збро за иницијатива која е покрената за луѓето ширум светот да се едуцираат кој е правилниот начин на добро и темелно измиени раце.
Селена на овој предизвик беше предизвикана од основачката на Huffington Post, Ариана Хуфингтон, а пејачката сними две видеа како ги мие рацете, кои ги објави на својот Инстаграм профил. Во видеото признава дека претходно не ги миела правилно рацете. Сега во видеото покажа дека посебно внимание треба да се посвети и на палците, на кои луѓето често не обрнуваат внимание. Иако снимањето на видеото за тоа како правилно се мијат рацете изгледа будалесто, бидејќи сепак сите знаеме да ги миеме рацете, денес е неверојатно важно тоа да се направи како што треба.
Овој предизвик го започна Светската здравствена организација, сакајќи да се подигне свества за важноста на миењето раце во борба против ширењето на коронавирусот. Еден од начините кои можеш да си помогнеш и заштитиш, како себе, така и луѓето околу себе е да ги миеш рацете по секое излегување од дома. Внимателното миење на рацете изгледа онака како што Селена покажува и иако трае малку подолго, сепак се препорачува. Селена исто така призна дека видеото не и успеало првиот пат, туку морала неколку пати да го снима од почеток. Таа номираше три моќни жени - Џиџи Хадид, Оливиа Вајлд и Карди Би.
Засега само Оливиа го заврши предизивикот, а освен неа и бројни други позанти личности се придружија кон истиот.