(ВИДЕО) „Скупи Ду, каде си?“: Омиленото детективско куче повторно на големото платно

(ВИДЕО) „Скупи Ду, каде си?“: Омиленото детективско куче повторно на големото платно

Објавена во: Stars // Филм

Тешко е да се остане рамнодушен пред овие духовити, култни јунаци...

„Warner Bros“ го објави официјалниот трејлер за „Scoob!“, ажурираната анимирана верзија на анимираниот класик „Scooby - Doo, Where Are You?“, кој децата го гледаа од 1969 до 1970 година, но кој и ден денес остана популаран.

Овој филм ни ја носи приказната како Шеги и Скуби се запознале и станале пријатели, а потоа како единствената екипа во која дел се Фреди, Дагне и Вилма влегла во нивниот живот.

Критичарите веќе упатуваат пофални зборови за овој прв приказ, бидејќи „удира на емоција“. Премиерата е закажана за на 15 мај 2020 година.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: