(ВИДЕО) Татко му бил алкохоличар: Роналдо плачеше како мало дете кога се потсети на тоа
Кристијано Роналдо даде големо интервју на Пирс Морган, во кое во еден момент емотивно се скршил кога му било прикажано видео од неговиот татко. Тоа било приказна за него пред Европското првенство 2004 година во Португалија, која никогаш претходно ја немал видено.
Многумина сметаат дека е арогантен, машина која не познава емоции, но во ова интервју Роналдо покажа дека и тој е само човек и дека е посебно чувствителен на темата семејство, а особено за својот татко.
Таткото на Роналдо починал во 2005 година поради болест на црниот дроб. Бил алкохоличар и го пропуштил издигнувањето кон ѕвездите на својот син, како и раѓањето на внукот, а очигледно е дека тоа е навистина болна тема на ѕвездата на Јувентус.
Тој, низ солзи повторувал никогаш не ги видел овие кадри.
„Никогаш не сум го видел ова видео. Извини.“ - емотивно одговорил Роналдо откако го видел видеото и почнал да плаче.
Следело прашањето што му е најтешко кога ќе се присети на татка си.
„Тоа што успеав да бидам број еден, а тој да не види нништо, да не види како ги добивам наградите“ .
Никогаш ли не видел колку познат си станат?
„Не, никогаш. Мојата мајка да, моите браќа, дури и мојот најстар син. Но, мојот татко не виде ништо“ - одговори Роналдо додека очите му биле полни со солзи.
Потоа познатиот фудбалер почна да зборува за проблемот со кој се соочувал неговиот татко, кој подоцна го чинел живот, бидејќи црниот дроб му заболел од алкохолот.
„Не го познавав 100% мојот татко. Тој беше алкохоличар. Никогаш не сум зборувал со него, никогаш не сме имале нормален разговор. Беше тешко“.
Роналдо го загубил својот татко кога имал само 20 години. Никогаш не видел како 5 пати ја освојува Лигата на шампиони и 5 Златни топки, како ни титулата први во Европа со Португалија.