(ВИДЕО) TikTok предизвик шири важна порака за коронавирус

(ВИДЕО) TikTok предизвик шири важна порака за коронавирус

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Песната што ја објавија виетнамските власти за да ги охрабрат луѓето да ги мијат рацете, доведе до танцов „ТикТок“ предизвик. 
Песната е направена од пејачот Кац Хун и Националниот институт за безбедност и здравје во Виетнам и е заснована на популарна поп песна наречена Ген. Во песната се објаснува како правилно да ги миете рацете и им укажува на луѓето да бидат внимателни на преполни места.

Кванг Данг - младо момче од Виетнам направи кореографија и започна нов TikTok предизвик.

Во видеото, Кванг Данг и неговиот пријател, го изведуваат танцот во кој се вклучени насоки за правилно миење на раце.

Видеото веќе има над два милиони прегледи, а голем број луѓе почнаа да објавуваат своја верзија!

Дури и УНИЦЕФ го промовираше видеото за танцување на Кванг Данг на Фејсбук, пишувајќи: „Го сакаме овој танц за миење на раце од виетнамскиот танчер, Кванг Данг. Миењето на рацете со сапун и вода е еден од првите чекори за да се заштитите од # коронавирус“.

Погледнете го видеото



Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: