(ВИДЕО) Топ причина: Ед Ширан на гости кај принцот Хари
Ед Ширан и прицот Хари одлучија да соработуваат на еден посебен проект. На светскиот ден на менталното здравје објавија видео кое е поддршка за сите - за оние кои моментално имаат психички болести, но и за другите кои сакаат да помогнат во превенцијата, раното препознавање и раната интервенција кај менталните болести.
„Јас и принцот Хари сакаме да се осигураме дека не само денес, туку и секој ден, ќе внимаваш на себе, своите пријатели и оние околу себе. Не мораш да патиш во тишина - сподели како се чувствуваш, прашај ги другите како се тие и слушни го нивниот одговор, биде подготвен да побараш помош кога ќе ти затреба и знак дека во ова сме сите заедно“ - напиша пејачот под објавеното видео.