(ВИДЕО) Вистински гениј: Дали е ова најпаметното куче на светот?

(ВИДЕО) Вистински гениј: Дали е ова најпаметното куче на светот?

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи поради начинот на кој го мами својот сопственик за повторно да добие храна.

Во видеото кое на ТикТок има неколку илјади прегледи може да се види како сопственикот се обидува своето милениче да го научи трпеливо да чека за да ја јаде, откако ќе ја види храната.

За да ја тестира негова трпеливост, сопственикот на масата ставил храна и излегол од собата, а кучето остана збунето. Посака да ја изеде, но истовремено не сакаше сопственикот да го искритикува, па смисли план.

Ја изеде храната, па отиде до фиоката во која сопственикот ја имаше скриено храната и извлече од неа и ја стави на масата и тоа на истото место на кое стоеше она што го изеде.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: