Викенд хороскоп: 4 знаци ги очекува турбулентен викенд

Викенд хороскоп: 4 знаци ги очекува турбулентен викенд

ОВЕН

Овој викенд ќе се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.

БИК

Викендов е можно да ви биде стресен. Поголемиот дел од настаните се поврзани со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро било повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.

БЛИЗНАЦИ

Овој викенд може да ви донесе тензија кога станува збор за јавноста, а вие ќе имате впечаток дека е потребно да му попуштите на некој кој има поинакво размислување од вас. Ќе имате прилика да работите некоја нова работа, со нови техники или ќе стекнете некое ново искуство.

РАК

Го избравте вистинскиот момент за да се активирате и да гоискоритите викендот како што треба. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај сè ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, односно за некој посериозен чекор напред.

ЛАВ

Искористете го организаторскиот талент овие два дена, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања. Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски.

ДЕВИЦА

Викендов ви носи нови можности во поглед на проширување на вашите видици. Многу сте амбициозни и нема да се двоумите во врска со новите проекти. Можеби ќе добиете некоја интригантна информација во врска со пари.

ВАГА

Би сакале да имате прилика да ги решите проблемите со семејството, ако тоа го постигнете, би требало да ја искористите оваа моќ за она што ви е потребно на вас, но и на оние околу ваќе биде се добро во иднина. Немојте својата моќ да ја користите само за себе бидејќи тоа нема да ви донесе никаква предност.

СКОРПИЈА

Викендов ќе бидете доста ангажирани околу некои недовршени работи. Ќе следи поддршка од другите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.

СТРЕЛЕЦ

Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани на љубовно поле. Добивате парична сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Вашите пријатели ќе посакаат да бидат со вас, ама вие ќе сакате да се скриете.

ЈАРЕЦ

Викендов би требало да ги искористите контактите бидејќи од нив ќе имате корист, барем кога станува збор за вашите лични интереси, дури иако на тоа воопшто не сте помислиле. На некој кој е влијателен можете да му се допаднете. Можеби ќе морате да се соочите со моќни притисоци и сили вперени кон вас од оние кои ве сметаат за силна конкуренција.

ВОДОЛИЈА

Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови имајте трпение и повеќе храброст. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.

РИБИ

Овој викенд ќе имате проблеми со меѓучовечките односи претежно во семејството. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се нервирате и лутите.

Фото:freepik

Можеби ќе ве интересира: