ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак го очекува жестока расправија
Овен
Финансиската ситуација ви е чудна како вас. Ќе ви изгледа како во еден момент да стоите одлично, а веќе во друг да бидете со празни џебови. Штедете и седете дома!
Бик
Иако ја чувствувате присутноста на барањата на другите, кои само се зголемуваат, како и одговорноста која ја имате, немојте да дозволите тоа да ве вознемирува. Секогаш можете да ги откачите сите и слободните денови да ги поминете со некоја добра книга или филм.
Близнаци
Можните случувања ќе бидат далеку од туѓите очи. Посветете се на длабоките емоции и споделете ги со саканата личност. Другите за тоа не мора да знаат. Само „одиграјте“ вака и ќе имате прекрасен викенд!
Рак
Доколку се во врска нема да се случи никаков ексцес, но одредено незадоволство ви се вовлекува како змија. Можни се расправии.
Лав
Ќе бидете полни со нервози кои тешко ќе ги решите. Држете се цврсто. Иако работите изгледаат грозно, за многу кратко време ќе имате за што да се радувате. Дотогаш, стрпете се!
Девица
Ви изгледа дека одредена личност во потполност ве полудува и ви зема воздухот во ова необично време. Сепак, немојте да се лажете со бајки. Потрудете се цвство да останете на нозе.
Вага
Партнерот ќе ви донесе интересни денови и ноќи. Имате многу теми за разговор и ќе уживате во времето кое го поминувате заедно. Ве чека викенд полн со љубов и страст, а не треба да се потценат моментите кои ќе ги поминете во кревет заедно. Ќе биде лудо!
Шкорпија
Немојте на никој да му ветувате нешто што не можете да го завршите. И понатаму многу е подобро да кажете „не“, отколку да ветувате и подоцна да не направите ништо.
Стрелец
Имате малку можности за дружење со драгите личности. Затоа искористете го секој момент кој можете за да бидете со саканата личност или пријателите. Одвојте време за забава и ќе си поминете незаборавно.
Јарец
Немојте своите стравови и нервоза да ги решавате со шопинг. Иако финансиската ситуација ви е стабилна тоа не значи дека сега можете да потрошите се што сте заштедиле. Мора да почекате до следниот прилив на пари.
Водолија
Толку работи ви се случуваат, што едноставно нема да можете до израз на полето на љубов. Сепак, да имате мирна душа би можеле да се посветите на обврските и да ги средите односите со саканата личност. Овој викенд е вистинско време за тоа.
Риби
Би требало малку да се повлечете од својот пребогат социјален живот и посветете се на партнерот и приватниот љубовен живот. Во спротивно, ве чека кавга и тешки животни одлуки.