Викенд хороскоп: Еден знак ќе ужива во љубовта, друг со најблиските
Овен
Во текот на викендот имате можност да ги завршите проектите кои сте ги започнале и свежи да ја започнете новата работна недела. Имајте трпение, трудот ќе се исплати.
Бик
Ве очекува разговор кој би можел да биде непријатен. Но, одвојте време за размислување и на фин начин решете ги несогласувањата.
Близнаци
Наградата за трудот кој сте го вложувале во текот на целата недела би можел да пристигне токму овој викенд. Посветете време на себе и уживајте во она што сте го постигнале.
Рак
Ќе бидете добри на зборови, а расположението ќе ви биде на високо ниво. Опкружете се со позитивни луѓе и уживајте во деновите кога не сте на работа.
Лав
Лавовите овој викенд ќе размислуваат за промена на работата. Ситуацијата не е поволна. Почекајте додека не направите подобри финансиски услови.
Девица
Девиците ќе уживаат во љубовните односи. Не покажувајте љубомора, туку искористете ги убавите и топли летни денови за авантура.