ВИКЕНД ХОРОСКОП: Можни се изненадувања, љубомора, но и средба со стара симпатија
Овен
Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не носете нагли одлуки и решете ги проблемите со разговор. Почнете го викендот со убаво кафе.
Бик
Некој ви упатува љубовни пораки и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува, но вие сте неодлучни.
Близнаци
Ќе се сретнете со стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите каде што сте застанале. Романсата повторно чука на вашата врата.
Рак
Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува имагинација или инспирација тогаш кога ви е најпотребна.
Лав
Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си себе време да застанете на нозе, нема потреба да се форсирате.
Девица
Изненадувањата се можни во различни правци. Доколку нешто не пробате, нема ни да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се орасположите.
Вага
Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да се избалансирате помеѓу овие две крајности.
Шкорпија
Ќе сретнете стара симпатија и тоа ќе ве усреќи, но мора да сфатите дека луѓето се менуваат и дека ќе имате впечаток како да запознавате потполно поинаква личност.
Стрелец
Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни високите критериуми и вие се тешите дека ќе ви биде подобро без нив. Но, дали ви е?
Јарец
Му замерувате на партнерот и му префрлате без причина, не оптеретувајте се толку со мали работи, не може да биде само онака како што вие си имате замислено.
Водолија
Насочете го вашето внимание на некои пријатни случување и не оптеретувајте се со негативни работи на кои не можете да влијаете.
Риби
Училишните обврски ви се натрупани и ќе имате впечаток дека нема да успеете да се изборите со нив овој викенд. Ќе имате помош, така брзо ќе завршите и ќе уживате во викендот.