ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неколку знаци со сериозни финансиски проблеми и еден со скршено срце
Овен
Во постојана борба со животот вие секогаш излегувате како херои! Имате невиден оптимизам, силна желба и волја за совладување на препреките. Тоа секако дека е добро. Но, некогаш обидете се да не си го комплицирате премногу животот сами и пуштете ги работите да си течат по својот замислен тек, а не вие како што сакате.
Бик
Бидете искрени кон луѓето кои се фер со вас. Сте заборавиле дека искреноста е еден од најбитните сегменти во живот. Затоа направете реални проценки и кажете ја вистината во вистински момент на оној на кому му е најмногу потребна. Вашите идеи и планови за викендот со радост ќе бидат прифатени од вашето друштво.
Близнаци
Во постојана потрага по романтика, конечно ќе наидете на романтична личност. Уверете се дали таа ќе биде тоа што навистина го посакувате. Периодот што следи ве очекува зголемена креативна активност и можност за реализирање на повеќе полиња. Дружете се повеќе и стекнувајте нови контакти.
Рак
Имате чувство дека личноста која ја симпатизирате не ви посветува доволно внимание. Преиспитајте се себе си зошто тоа е така? Веројатно, по подолго трагање, одговорот ќе го најдете во вашиот непрекинат апетит за работа која ако не ја оставите барем за момент може многу да ви наштети во вашиот емотивен живот.
Лав
Периодот што следи ќе биде исполнет со многу интриги и убави нешта кои ќе ви донесат неопислива радост. Од вас се бара добро да знаете да ги процените работите во кои се впуштате и да направите стратегија за сето она што сакате да го постигнете. Успехот ќе ви биде загарантиран, но преку љубовта на личност која ве сака.
Девица
Имавте доста тешки финансиски проблеми. Можеби треба да размислите малку за вашата иднина! Неконтролирано трошење секако дека не се вклопува во успешна иднина! Затоа треба да внимавате каде и за што ги давате парите. Направете долгорочна стратегија на вашите финансии и раководете се по неа. И штедете!
Вага
Мислите ви шетаат на многу страни. Никако да најдете соодветно решение за дел од вашите проблеми. Можеби не треба да гледате толку далеку! Решението е многу блиску- некаде помеѓу оние што секојдневно ве опкружуваат. Направете добра проценка кој би можел да биде? Нема да ви биде лесно, но вреди да се обидете.
Скорпија
По неколку бурни недели исполнети со радост, смеа, авантури... следува еден мирен период кога ќе ги сумирате впечатците и ќе направите нова стратегија за следните недели. Подобро би било да го пуштите мозокот да се одмори. И вам ви треба одмор. Обидете се да отпатувате некаде. Еден прекрасен викенд во природа е доволен.
Стрелец
Ако изминатиот период ве потиснуваа проблеми и несвојствени ситуации за вас, деновите што следуваат ќе ви бидат исполнети со многу љубов. На пат сте да запознаете една личност која ненадејно ќе се појави во вашиот живот. Бидете претпазливи во вашите проценки и намери. Усогласете ги вашите ставови и само напред!
Јарец
Ве мачат некои нерешени работи од минатото. Зар не е подобро минатото да си остане минато? Потребен ви е оптимизам. Се прашувате каде да го најдете? Па во сите убави работи околу себе кои не ги ни приметувате, а се од суштинско значење за вашето расположение. Направите баланс помеѓу хармонијата и животот.
Водолија
Ви претстои убав период. Ќе имате можност да ги реализирате вашите планови и замислени идеи со неверојатна леснотија. Ќе добиете помош на професионален план од личност од која најмалку го очекувате тоа. Ќе зајакнете во финансиска смисла. Љубовта нема да ве одмине и ќе уживате во неа.
Риби
Уживате во спокојството на домот. На работното место се случуваат некои големи турболенции, исто така е и во љубовта, а само дома ви е неописливо мирно. Тогаш, во таква атмосфера потрудете се да ги усогласите работите и да размислите за нивната вистинска суштина. Можеби од вас зависи поставеноста на сите нешта кои ви се случуваат.