Викенд хороскоп: Овие знаци ќе уживаат во претстојниот викенд
Овен
Со помош на шармот и сопствената сила, викендов ќе успеете да ги совладате проблемите. Реторичката дарба е изразна и треба да ја искористите. Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист.
Бик
Сѐ се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите, благодарение на својата внимателна работа. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот. Многу Овни кои седат на два стола ќе ги сносат последиците од непримерното однесување.
Близнаци
Вежбањето и релаксацијата ќе направат чуда за вашето расположение. Ќе имате позитивна енергија и неверојатен сјај со којшто ќе ги привлекувате околните. Премногу се разликувате од околината за да ги прифатите сугестиите. Обидете се да им пристапите на проблемите и да најдете соодветно решение за нив.
Рак
Вашите зборови ќе бидат полни со сочувство и разбирање, па многу лесно ќе допирате до срцата на луѓето. Сите недоразбирања ќе ги решавате по мирен пат, со разговор. Но, не заборавајте дека комуникацијата не се состои само од зборување, туку и од внимателно слушање.
Лав
Ѕвездите ви се наклонети и имаат позитивно влијание на вас. Тоа добро ќе се одрази и на вашата околина. Затоа, искористете ги шансите. Вашата планета на пријателство и љубов од викендов се наоѓа во исклучително поволна позиција. Можни се револуционерни промени кои ќе бидат позитивни.
Девица
Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план.
Вага
Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или како одраз на повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување. Никогаш не сме толку успешни колку што би сакале.
Скорпија
Ќе донесете одлука поради која можеби ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите. Бидејќи се уште не е доцна да се вразумите, свртете се кон работата.
Стрелец
Ќе дојдат до израз вашите дипломатски способности и ќе преговарате како вистински експерт, па очекувајте позитивни случувања на професионален план. Одлично ќе се разбирате со вашиот партнер, па без да се трудите ќе привлекувате обожаватели. Ако сте во врска поразговарајте со саканиот за вашата иднина, тоа ќе ви ја разгорува страста.
Јарец
Не сакате околината да види кога ништо не ве интересира, па се повлекувате во свој свет во кој ги правите работите што ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошата волја е некој здравствен проблем или прекин на пријателство. За што и да се работи, излезот ќе биде брз.
Водолија
Функционирате на повеќе страни. Мора она што сте го започнале да го завршите, бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организаторски способности кои денес ви одат во прилог.
Риби
Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…