ВИКЕНД ХОРОСКОП: Разговор со стара љубов, но можни се изненадувања и љубомора
Вага
Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни вашите високи критериуми и вие се тешите дека ви е подобро без никој, но не ви е, нели?
Шкорпија
Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си време да застанете на нозе, нема потреба да форсирате нешто што нема иднина.
Стрелец
Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува имагинација или инспирација тогаш кога е најпотребна.
Јарец
Обврските само ќе ве се трупаат и ќе имате впечаток дека нема да успеете да ги завршите, но со помош ќе успеете да завршите навреме. Затоа, не ни помислувајте да се преоптоварувате овој викенд.
Водолија
Некој ви упатува љубовни пораки и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува, но вие сте неодлучни кога ќе треба да дадете одговор.
Риби
Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не носете нагли одлуки и решете го проблемот со разговор. Почнете го викендот со кафе со пријателите на камера. Сепак е викенд и време е за одмор.