Вики Миљковиќ откри: Еве како Цеца собира енергија за претстојните летни концерти
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ моментално престојува на Кипар заедно со сестра ѝ Лидија Оцокољиќ, внукот Жељко, кумата Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг и син.
Тие уживаат во луксузната вила на Цеца во Аја Напа, а сега Вики покажа и дел од куќата и базенот во дворот.
Имено, таа го снимаше нејзиниот сопруг Ташке додека се капе во базенот, малиот Жељко како си игра во креветчето, но и Цеца и Лидија, кои за тоа време седат под сенка во костими за капење.
Инаку, Цеца деновиве ги користи за да се одмори и да собере сила за претстојните концерти. Во низата настапи, пејачката откри и дека два пати ќе настапи и во Македонија.