„Викни такси, дојди кај мене, сам сум“: Македонскиот Џокер ја објави новата песна - „Такси“ (ВИДЕО)

„Викни такси, дојди кај мене, сам сум“: Македонскиот Џокер ја објави новата песна - „Такси“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Сигурно добро се сеќавате кога пред неколку години познатиот актер Хоакин Феникс го размрда филмскиот свет со неговата улога во култниот филм „Џокер“ и буквално остави траен белег во светската кинематографија...

Еден таков Џокер добро би и дошол и на македонската естрада, која по се изгледа спие последниве неколку години.

Но, промените се случуваат, Дами и Господа, нашиот, односно македонкиот Џокер вчеравечер на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и за само неколку предизвика бура од коментари...

Она што е интересно, е тоа што сцените од видеото буквално наликуваат на акционен филм, во која главната улога ја има токму Џокер.

Но, од каде идејата за „Такси“, решивме да го прашаме лично Џокер...

„Склоп на секојдневни ситуации: „Викни такси, дојди кај мене, сам сум“. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лична моја приказна“ - накусо изјави Џокер...

Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена.

Инаку токму Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски...

Да не должиме многу, погледнете го спотот и доколку ви се допаѓа, ставет „лајк“ и споделете на вашите социјални мрежи...


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: