Викторија Бекам сподели досега невидени фотографии од внатрешноста на имотот кој го поседуваат со Дејвид

Викторија Бекам сподели досега невидени фотографии од внатрешноста на имотот кој го поседуваат со Дејвид

Објавена во: Совети // Семејство

Парот, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер престојуваат во Котсволдс...

Викторија Бекам сподели дел од нивниот имот во Котсволдс, кој досега го нема покажано. На фототграфијата која ја сподели на Инстаграм се појавуваат Бруклин, неговата свршеница Никола Пелц и нејзините родителите.

Од фотографијата може да забележиме дека домот има високи тавани, прозорците имаат црни рамки и на нив има црни завеси со должина до подот. На едната страна до прозороцот , има црна дрвена комода, на која е изложен приборот, а на спротивната страна неколку сребрени балони, од роденденот на Ромео, пишува Hello magazine.

На фотографијата Бруклин со новото семејство стои пред долгата дрвена трпезарискамаса, со сиви кожни столчиња.

Претходно од оваа соба семејството сподели уште неколку фотографии, како онаа од 16 - от роденден на Ромео и онаа на Бруклин. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: