Викторија Бекам за траумите од детството: Сега ќерката ја штити како лавица
Викторија Бекам отворено зборуваше за врсничкото насилство што и се случувало во детството, и истакна дека нема да дозволи нејзината ќерка Харпер да помине низ вакво нешто. Според странските медиуми, таа честопати ја советува својата ќерка како да се постави и да забележува ако нешто што не треба, се случува со другите девојки од нејзината околина.
„Бев повлечена на училиште и немав многу пријатели и сега сфаќам дека всушност претрпев насилство. Не сакам некој да се чувствува како мене во тој ранлив период, па затоа кога Харпер започна со училиште, имав важен разговор со неа. И реков: „Ако си некогаш на игралиште и забележуваш девојка да стои сама, замоли ја да си игра со тебе, затоа што мајка ти порано беше таа девојка.“ Сакав таа да го сфати тоа и не сакам некој да биде осамен кога Харпер е во близина “, објасни таа.
извор:zenskikutak