Викторија Бекам знае да се пошегува на своја сметка: Го стави својот познат цитат на обична бела маичка и веднаш ја распродаде
Можеби не беше најдобрата пејачка на светот, но кога станува збор за модата и бизнисот, госпоѓа Бекам знае што прави!
Викторија и Дејвид Бекам се една од главните теми на годината во спортот и во светот на познатите по документарната серија „Бекам“ која ја снимија за „Нетфликс“ за кариерата на легендарниот фудбалер и нивниот семеен живот.
Поранешниот ас на „Манчестер Јунајтед“ и „Реал Мадрид“ и популарната дизајнерка открија многу за нивната љубов, приватност и семејство.
Сепак, најголемо внимание на социјалните мрежи привлече наводно спонтан момент кога Викторија Бекам зборуваше за тоа како и двајцата потекнуваат од работнички семејства. Дејвид тогаш се вклучи во разговорот и ѝ рече на сопругата да ја каже вистината за тоа со што татко ѝ ја возел на училиште, а таа рече:
- Во текот на 80-тите, татко ми имаше Ролс Ројс.
“Beckham“ documentary on @netflix is excellent !!
— Popcorn Picks (@popcornpickss) November 19, 2023
“
pic.twitter.com/Wa7S8QGU2C
Оваа реченица ги преплави социјалните мрежи и многумина слатко се изнасмеаа на сметка на Викторија, а сега таа покажа што ја прави една од најмоќните жени на светот - токму тој цитат го искористи за да заработи.
Г-ѓа Бекам, всушност, дизајнираше бела маичка со натпис „Мојот татко имаше Ролс Ројс“, а станува збор за обичен модел за секој ден. Цената на оваа навидум не претерано посебна маичка е 130 евра, а веќе е распродадена.
- Кој не сака маици со слогани? – напиша Пош Спајс на Инстаграм во описот на фотографијата.
- Моето прашање до сите вас е - со што ве носел татко ви на училиште? Татко ми ме возеше во Ролс Ројс. Не можам повеќе да се борам против тоа.
Извор: glossy.rs