Викторија и Дејвид Бекам објавија досега невидени фотографии: Нивниот син Бруклин денеска полни 23 години
Викторија и Дејвид Бекам објавија невидени семејни фотографии на социјалните мрежи по повод 23-тиот роденден на нивниот син Бруклин.
- На денешен ден пред 23 години мојот живот засекогаш се промени. Почувствував љубов која е невозможно да се објасни. Бруклин, немаш поим колку сите те сакаме. Среќен роденден на најслатката, најљубезната душа - напиша Викторија.
Таа на својoт Инстаграм објави и фотографија на која Дејвид и таа позираат со Бруклин кога тој сè уште бил мало момче.
Заедно со нивна стара фотографија, и Дејвид му кажа на својот син колку неизмерно го сака.
На честитките во коментарите се придружија и бројни следбеници и обожаватели на семејството Бекам.