Викторија на пет години ги загуби двете раце и една нога: Денес е манекенка со инвалидитет која ги урива предрасудите

Викторија на пет години ги загуби двете раце и една нога: Денес е манекенка со инвалидитет која ги урива предрасудите

Објавена во: Совети // Семејство

Викторија Салседо (23) од Гвајакил во Еквадор ги загуби рацете и нозете на петгодишна возраст, кога преживеа струен удар.

Несреќата се случила на 11 ноември 2001 година кога Викторија си играла во својата соба и случајно допрела до високонапонска жица со метална прачка. Електричниот удар предизвикал изгореници од трет степен, па лекарите морале да и ги ампутираат двете раце и левата нога.


Растејќи само со една нога и без раце, Викторија прво морала повторно да ги научи сите основни задачи.Таа го нарекува својот единствен екстремитет „магична нога“, бидејќи и овозможува да ја врати независноста.

По несреќата, на место на нејзините раце биле инсталирани две протези, но никогаш не и се допаднале. Како што растела, и било тешко да развие свест за различноста од другите.


На оваа исклучително самоуверена и успешна девојка најтешко ѝ е да ги прифати предрасудите за неа поради физичките разлики.

- Многу размислував што ќе направам прво ако имам раце. Но, знам дека е невозможно, така што таквите мисли повеќе не ми пречат - вели Викторија.

И покрај нејзината попреченост, оваа млада девојка одлучи да се пријави на изборот за Мис Еквадор и да ги сруши сите предрасуди. На тој начин, таа сакаше да испрати порака и да го крене својот глас за сите оние кои се сомневаат во себе.


И покрај нејзините напори, Викторија не успеа да се пласира меѓу 10 -те финалисти за Мис Еквадор, меѓутоа, со својот изглед, оваа девојка направи многу повеќе од тоа. Имено, таа иницираше разговори поврзани со лица со попреченост и сонот, и тие еден ден да бидат крунисани.

- Најмоќното оружје што го има човечкото суштество е еластичноста и способноста да се прилагоди на новите околности и да го извлече само најдоброто од секоја ситуација - вели Викторија и додава:

- Сѐ е во односот кон животот и вербата во себе. Јас сум девојка со соништа и ако не ги земам работите во свои раце, никој нема да го направи тоа за мене.


Ништо нема да ја спречи оваа прекрасна, самосвесна и храбра девојка да ги постигне своите цели, а како што објави на социјалната мрежа Инстаграм, дури сега е сигурна дека никој нема да ѝ застане на патот.

Фото: Инстаграм


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: