Винтиџ нокти во стилот на „тапетот на баба“: Цел свет полуде по маникирот на Блејк Лајвли (ФОТО)
Маникирот со години е облик на уметност, а често воодушевуваат креациите на оние кои се грижат за ноктите на познатите личности.
Благодарение на уметницата Ени Гернштајн, винтиџ нокти во стилот на „тапетот на баба“ станаа најголем тренд.
Тие апсолутно се вклопуваат во есенските бои, но фасцинантно е што изгледаат прекрасно и привлечно, дури и на црвениот тепих.
Ќе забележите дека во моментов доминираат барокниот стил, медените бои, старото злато и земјените тонови. А такви имаше и Блејк Лајвли неодамна по што истите станаа хит во светот.
Секако таа веднаш се пошегува дека изгледаат како тапетите од минатото, но сепак ги прослави уште толку повеќе.
Дали ви се допаѓаат?