Вирален трик како да запаметиш повеќе информации додека учиш: Со него ќе паметиш побрзо и подобро (ВИДЕО)
Секоја помош е добредојдена...
Постојат предмети за кои нема начин како да се избегне учењето, поточно кога треба да се запаметат информациите точно такви какви што се, без да се обидуваш со свои зборови да ја објасниш поентата. Овој вирален трик за учење на многумина уште не им е познат, а може на секој да му биде од корист.
Подготвени сме да го испробаме секој трик кој тврди дека ќе ни помогне во учењето. Нема што да се изгуби. Сега налетавме на еден во кој пронајдовме голема надеж. Видеото има повеќе од 9 милиони прегледи, а во коментари луѓето тврдат дека ова е наулно докажно да помогне во учењето. Сите кои се малку мрзеливи и немаат мотивација за учење или учат во последен момент, ова е трик за вас.
Девојката која го испроба овој трик исто така го видела на ТикТок, била скептична, но кога го испробала, се изненадила колку добро функционирал. За што станува збор? Додека учела, си ставила на страна обична бела хартија, земала пенкало, и додека го читала материјалот и учела, си цртала по хартијата. Правела кругови и други форми, ништо одредено. Важно е само нешто да се црта на страна.
@waffles995 Plot twist I memorized 93 vocab words in 25 mins #worksmarternotharder #studytok #loveexamprep original sound - WUNWAY
Таа ја видела разликата во учењето, а некои во коментари потврдија дека трикот навистина има смисла. Спроведено е дури и вистинско истражување на таа тема, кое потврдило дека цртањето може да ни помогне за подобро и побрзо да ги запомниме информациите. Затоа секогаш како еден од советите за учење говори дека добра идеја се белешките и материјалот да се препишува рачно, бидејќи така подобро се памети. Ова е малку понаква верзија од тој совет. Им помага на луѓето да се фокусираат и со самото тоа, побрзо да го запаметат материјалот.
фото: Принтскрин / ТикТок